еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бројот на заболени со британскиот сој на Ковид-19 во Македонија се искачи на 56

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 1 до 7 февруари покажуваат зголемување на бројот на лица кои во Македонија се заразени со т.н. британски сој на Ковид-19.

“Во текот на минатата недела (01-07.02.2021), до ИЈЗ се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на “британскиот” сој на SARS-CoV-2 од три лаборатории (ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ).

Од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на SARS-CoV-2.

Од овие резултати е забележано дека “британскиот” сој на SARS-CoV-2 е присутен во осум градови, а најголем број случаи се откриени во Охрид (n=25), Прилеп (n=10) и Кавадарци (n=4).

Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број на нови варијанти, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на континуиран внес на нови случаи на COVID-19 од странство“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Пред неколку дена од Министерството за здравство информираа за 45 случаи од овој сој на Ковид-19 во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемување од 3,1%: За една недела 66 смртни случаи на Ковид-19 во Македонија

Зголемување од 4,1%: За една недела 2.120 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Најфреквентен во Охрид и Прилеп: Британскиот сој на Ковид-19 утврден кај 45 лица во Македонија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанија од 1 мај ги укинува сите анкти-ковид мерки

Редакција

Регистрацијата на возилата поскапува за 15%, зголемена е цената на осигурувањето

Редакција

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок, велат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Редакција