еМагазин
ЖИВОТ

Во Маврово измерени -9 степени, најмногу снег на Попова Шапка 40 сантиметри

Минусни температури изутринава се забележани речиси на територијата на целата земјата, а најниската температура е измерена во Маврово – 9 и во Берово и Крива Паланка – 8 степени.

Во Крушево температурата била -7 степени, во Прилеп, Винициа и Куманово -5, во Штип -4, во Тетово, Скопје-Петровец -3, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Дебар -2, во Демир Капија и Дојран -1, во Гевгелија еден, во Охрид нула и во Претор два степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка 40 сантиметри, каде утрово повторно паѓаше ситен снег.

Дожд имаше и во повеќе делови од земјата, а најмногу наврнал во Пожаране и Охрид 12 литри на метар квадратен.

Вдолж Повардарието ноќеска и утрово дува засилен ветер од северозападен правец, на места со брзина над 50 км/час, а во источните делови е претежно ведро.

Времето денеска ќе биде сончево и студено, со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и студено со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до три степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска претпладне магла по котлините, попладне со врнежи од дожд и снег

Редакција

Од сезонски грип досега починале две лица на возраст од 15 до 64 години

Редакција

Следува стабилно време, со нешто пониски температури од изминатите денови

Редакција