еМагазин
Image default
Бизнис

Сковин тргнат од „Листата за набљудување“ на Македонската берза

Од Македонската берза информираат дека на 11.02.2021 година Берзата изврши бришење на издавачот Сковин АД Скопје од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради изминување на периодот од три месеци во кои издавачот Сковин АД Скопје требаше да се наоѓа на Листата согласно Заклучокот на Одборот на директори за обрнување внимание на инвеститорската јавност за издавачот Сковин АД Скопје од 10.11.2020 година.

“Издавачот Сковин АД Скопје беше внесен на „Листата на набљудување“ на 11.11.2020 година согласно 61-а од Правилата за котација, поради тоа што според објавената Одлука за одобрување на голема зделка – продажба на подвижен и недвижен имот, пренос на трговски марки и засновање на заложно право (хипотека) врз недвижности кои се предмет на продажба, донесена на Собрание на акционери на издавачот одржано на 27.11.2019 година и објавеното образложение на неревидираните финансиски извештаи за период 01.01-30.06.2020 година, друштвото има извршено продажба на целокупниот имот“, велат од Берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавната администрација годинава ќе добие К-15

Редакција

Три кривични пријави за увозници на овошје и зеленчук и десетина прекршочни

Редакција

Од 60 на 150 дена продолжен рокот за операторите за пререгистрација на програмските сервиси што ги реемитуваат

Редакција