еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Три кривични пријави за увозници на овошје и зеленчук и десетина прекршочни

Контролите на зелените пазари и кај увозниците на овошје и зеленчук ќе продолжат, граѓаните да пријавуваат доколку мислат дека има нерегуларности, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што информираше на прес-конференцијата во Владата, поднесени се три кривични пријави за увознциите на овошје и зеленчук од страна на Финансиската полиција, а има и десетина прекршочни пријави од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.

-Не би сакал да ги кажам имињата бидејќи тоа е работа на Обвинителството и на судството. Веќе се доставени кривичните пријави до Обвинителството. Има десетина прекршочни пријави од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи. Контролите ќе продолжат, а ги повикувам и граѓаните да пријавуваат доколку мислат дека има нерегуларности, рече Бектеши.

Тој ги повика инспекторите да ја вршат својата работа, но и им се заблагодари што иако се во мал број го контролираат спроведувањето на мерките што ги носи Владата.

– Ги повикувам инспекторатите да ја завршат својата работа, иако јавно морам да кажам и да им се заблагодарам на секој инспектор, посебно на Државниот пазарен инспекторат, кои и во време на пандемија, иако со толкав број кој не надминува 160 инспектори во целата држава, упорно 24 часа на ден работеа, со цел да го контролираат спроведувањето на мерките што ги носи Владата, рече Бектеши.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следната година стартува со работа Блумберг Адрија, првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа

Редакција

“Висат“ предвремените парламентарни избори?

Редакција

37% од децата во Македонија не се чувствуваат безбедно во училиште, 24% се жртви на физичко насилство

Редакција