еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Вкупно 249 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало седум приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти и ниту еден на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени шест оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.

На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Вкупно 249 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И актерот Тони Михајловски сведочеше на судењето за „организаторите на 27 април“

Редакција

Уставниот суд денеска ќе одлучува за апанажата на функционерите и за функцијата на Артан Груби

Редакција

(Видео) Семејството Груби трупа милионски бизниси и имот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција