еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

82,6% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 17 јануари покажуваат дека 82,6% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања.

„Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.328) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 607,4/100.000 жители.

Регистрирани се 1.848 смртни случаи кај лица од машки и 1.098 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 2.144 (82,6% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.684), дијабет (n=755) и белодробна болест (n=332)„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 175 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата поништи решенија донесени од министерот Чулев за прераспределба на работни места

Редакција

26-годишна девојка од Кавадарци пронајдена мртва во Штип

Редакција

Улиците не се за трки: При брзо возење лани загинале 72 лица

Редакција