Реформското движење „Самоопределување“ на поранешниот активист за човекови права Албин Курти е победник на изборите во Косово со освоени 48 проценти од гласовите.
Курти ги освои гласачите со предизборното ветување дека ќе стави крај на непотизмот и корупцијата.
„Наши приоритети се праведност и работни места, патот пред нас е долг, и ние ќе правиме грешки, но нашите цели се достоинствени“, рече Курти.
Партијата ПДК добила 17 отсто од гласовите, додека Демократската лига на Косово (ЛДК), која владееше досега, стигнала до 13 проценти, соопшти Централната изборна комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.