еМагазин
Image default
Македонија

Веб страната за вакцинанција против Ковид-19 достапна и на албански јазик

Министерството за здравство информира дека веб-страницата vakcinacija.mk на која граѓаните може да искажат заинтересираност за вакцинација против Ковид-19 е достапна и на албански јазик на следниот линк: vakcinacija.mk/alb.

„На оваа веб-страница 46.023 лица ја пополниле формата за аплицирање. На овој начин, тие се регистрираат во електронскиот систем „Мој Термин“, а матичниот лекар може да го види податокот за секој пациент.

Преку оваа апликација, граѓаните искажуваат само интерес, но не и закажување за термин за вакцинација. „Мој Термин“ го утврдува датумот и часот за вакцинирање согласно фазите кои се содржат во Националниот план за имунизација на населението во земјава,“ се вели во соопштението.

Вчера, во државата пристигна првата пратка 4.680 од вкупно 8.000 фајзерови вакцини против Ковид-19 од Република Србија.

Во текот на денешниот ден ќе заврши и регуларната процедура во МАЛМЕД, а од среда вакцинацијата почнува со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје.

Вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ДобиФме вакцини без договор за добрососедство„: Твитер реакции за донацијата од Србија

Што треба да знаете за вакцините на Фајзер, кои денеска пристигнаа од Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓанскиот и Кривичниот суд Скопје ќе бидат засилени со по тројца судии, одлучи Судскиот совет

Редакција

Продолжува протест на вработените од Управата за матични книги

Редакција

Јанева во подрум имала мини фитнес сала со боксерска вреќа, Боки 13 четири пиштоли

Редакција