На 14.02.2021 во 15.29 во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека во 14.00 часот на ул. „Саса“ во Скопје, во подрумските простории на куќата во сопственост на Љ.А.(56) настанала експлозија на котел за греење на дрва, информира МВР.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.