еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 352 пациенти болни и суспектни на Ковид-19, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 352 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

“По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 31, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 19 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 8, Кавадарци 44, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштеноето.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 452 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската амбасадорка Брнз повтори дека САД се разочарани што Македонија не ги почна преговорите за членство во ЕУ

Редакција

Обвинителство: Истрагата за „Рекет“ засега не е проширена на други лица, но не се исклучува таа можност

Редакција

Мерките за влез во Грција остануваат непроменети и оваа недела

Редакција