еМагазин
Image default
Локално

229 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење, 17 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден 16 февруари продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„Само на територијата на град Скопје, изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 44, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 12 за користење на мобилен телефон.

Изречени се пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 6 мерки за возач почетник, седум санкции за некористење сигурносен појас и 53 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот,“ информираат од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поведена постапка за ловџија кој застрела друг ловџија

Редакција

39-годишна жена загина во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје

Редакција

Притвор за насилниците во „Трибека“ кои кршеа инвентар

Редакција