еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Светска медицинска асоцијација: Лекарите да не се вакцинираат со „АстраЗенека“

Претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, смета дека медицинскиот персонал не треба да се вакцинира со вакцината на АстраЗенека.

Монтгомери за германскиот дневен весник „Рајнише пост“ изјави дека вакцината е безбедна како и другите вакцини, но нејзината помала ефикасност не може да се игнорира.

„Верувам дека луѓето со поголем ризик од инфекција, меѓу кои се медицински персонал и негователи, треба да бидат вакцинирани со поефикасна вакцина“, нагласи тој.

Монтгомери рече дека го разбира медицинскиот персонал кој одбива да се вакцинира со АстраЗенека.

Монтгомери бара можност за избор со која вакцина сакаат да се вакцинираат луѓето.

„Мора да има избор на вакцина, за да останеме високо подготвени за имунизација“, нагласи претседателот на Светската медицинска асоцијација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ги членовите на ДИК: Кој е Енвер Саљихи

Редакција

(Видео) Објавена снимка од сударот на рускиот воен авион со американскиот дрон

Редакција

Од утре постепен пораст на температурата, во четврток ќе достигне до 37 степени

Редакција