еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре постепен пораст на температурата, во четврток ќе достигне до 37 степени

Следува период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер.

Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст, а во четврток ќе достигне до 37 степени Целзиусови, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температура ќе биде во интервал од 9 до 33 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 16, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

За недела е најавена температура во интервал од 10 до 34 степени, за понеделник од 10 до 35, вторник од 11 до 35, среда од 12 до 36, а за четврток од 13 до 37 степени Целзиусови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓународната агенција за атомска енергија под итно бара проверка на состојбата во нукелеарната централа Запорожје

Редакција

(Фото приказна) Будење на зората над Бигорски манастир: Кршењето со јајца за Велигден е во пет часот наутро

Редакција

Доктор Беќаровски: Индија е првата земја која ја има лиценцата за новиот лек за Ковид-19 и за разлика од цената на „Мерк“, ќе чини 25 долари

Редакција