еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На електронско наддавање недвижен имот на Мијалков, еве што се сè продава

По продажбата на запленетите акции на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Агенцијата за управување со одземен имот, објави оглас и за продажба на дел од неговиот недвижен имот, запленет за случајот „Империја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои се запленети акции на Мијалков од денеска се продаваат на Македонската берза

Се продаваат два стана во Охрид, едниот од 46 (+19 помошни простории) метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.775.234,38 милиони денари, а другиот од 58 (+ 56 ПП) метри квадратни во истата зграда, проценет на 9.032.505 денари.

Се продава и земјиште од 56.818,07 метри квадратни кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје со почетна вредност од 17.045.421 денари.

Се продава и плац кај местото Џибарица на Кожуф од 321,81 метри квадратни, проценет на 29.686, 97 денари.

Јавното електронско наддавање е закажано за 25 август.

Најповолниот понудувач треба да ја уплати целосната сума до 15 дена од заклучувањето на лицитацијата.

Сите детали за огласот ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој ќе го купи конфискуваниот имот на Мијалков, еве што се ќе оди на наддавање

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикатите за штетноста од измените на Законот за работни односи: Македонските работници ги враќа 137 години назад!

Редакција

„Интерпромет“ неколкукратно ја зголеми добивката

Редакција

Бројот на вработени во јавниот сектор изнесува 131.183 лица

Редакција