еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој ќе го купи конфискуваниот имот на Мијалков, еве што се ќе оди на наддавање

По повеќе од една година откако за случајот „Империја“ на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков му беше конфискуван имот, истиот наскоро ќе оди на јавно електронско наддавање, информираше денеска новиот директор на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу.

Мијалков лани во јуни призна вина за „Империја“ и се спогоди со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а државата му конфискуваше имот во вредност од 15 милиони евра.

Станува збор за 33 имотни листови.

Во нив е впишана шума во Горно Курилово на Водно од 650 метри квадратни, а веднаш до неа и градежна парцела од околу 4 илјади метри квадратни.

Во имотните листови е и земјиште во Џибарица на Кожув и илјадници метри квадратни земјоделско земјиште во близина на Богданци.

На Мијалков му се конфискувани и два стана од 46 и 58 квадрати на адреса Горица во Охрид.

Одземен му е имот и под зграда во Охрид со површина од 2.740 м2 од хотел во Охрид, во вредност од 360 илјади евра.

На надавање ќе треба да одат и два апартмани во Панорама Резиденс во Скопје од 91 и 94 метри квадратни.

Во имотните листови, меѓудругото е и градежно земјиште и апартмани во Центар. Станува збор за неколку парцели и 25 апартмани во две згради, гаражи, деловни простори на улицата “Славејко Арсов“ на Водно, во вредност од 3,5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од шест дела за Мијалков, четири завршени, остануваат уште две, од кое едното е пред застарување

“Го отстранија Ќосето од пред палатата на правдата, на негово место ќе стават биста на Мијалков“: Твитер реакции за “Титаник 2“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рочиштето за „Маџар телеком“ одложено за 29 јануари

Редакција

Груевски ја потврди автентичноста на „бомбите“ со Камчев: Снимките покажуваат дека немам врска со „Плацеви на Водно“

Редакција

Тројца починати од Ковид-19 во кавадаречката болница, новозаболени 42 лица

Редакција