еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото приказна) Будење на зората над Бигорски манастир: Кршењето со јајца за Велигден е во пет часот наутро

Како што Муслиманите се стремат барем еднаш во животот да заминат на аџилак, така секој православен, треба барем еднаш во животот да отиде во Св.Јован Бигорски за дочекувањето на Христовото воскресение, Велигден.

И вештите на зборови, се невешти да се опише што се случува таму за време на велигденската ноќ. Литијата со благодатниот оган, литургијата, радоста за воскресението, ѕвонците, звукот на клепалото се само дел од видливата магија, а таа невидливата само се чувствува.

„Искушението со пандемијата што нè снајде во текот на изминативе две години јасно ни покажа дека животот може нагло да се промени. Ни остави поука дека сето она на коешто се надеваме во овој свет може одеднаш да го снема,“ кажа меѓудругото епископ Партениј при обраќањето кон верниците.

Кршењето на јајца и појадокот, обезбеден од манастирот, во Св.Јован Бигорски е во пет часот наутро. По величествената ноќ, следува уште повеличенствено утро. Будењето на денот. Зората над околните планини се уште прошарани со снег, светилките од Ростуше и Битуше, сето тоа, ќе ви даде една нова сила и енергија по будноста на ноќта и учеството во литургијата.

Св.Јован Бигорски е македонската Света Гора, и еден бесценет бисер на православието.

Фото: емагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БДП во првото тримесечје во минус од 1,9%

Редакција

„Ти им викаш мијте раце, они го купија цело брашно во градот“: Твитер реакции

Редакција

Починаа 12 лица од Ковид-19, најмладиот има 27 години

Редакција