еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Ахмети ме информираше дека ќе преговара за влада со СДСМ

Со Али Ахмети имавме едночасовна средба минатата недела во Собранието. На таа средба господинот Ахмети ме информираше дека ќе отпочне преговори за формирање Влада со СДСМ, со изговор дека тоа е партијата што победила во македонскиот блок, нагласи на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање околу средбата со лидерот на ДУИ, Мицкоски рече дека не се согласил со ставот на Ахмети оти СДСМ победила во македонскиот блок, истакнувајќи дека партијата што убедливо победила кај Македонците е ВМРО-ДПМНЕ

Тој потенцира дека принципите за коалицирање на ВМРО ДПМНЕ се јасни.

– ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара од позиција на диктати и условувања. ВМРО-ДПМНЕ коалиција ќе направи врз основа на програма, нагласи лидерот на оваа партија.

Во однос на можноста за нови парламентарни избори наесен, Мицкоски цени дека се уште постојат можности за формирање влада, но доколку тие се исцрпат тогаш, како што вели, може да се разговара за нови избори.

– Не се сите можности исцрпени, мислам дека се уште постојат можности за формирање политичка влада, доколку и тие се исцрпат, тогаш може да зборуваме за нови избори, рече Мицкоски.

Прашан во однос на пресметката со бројот на пратениците и зошто смета дека неговата партија е победник на изборите, Мицкоски рече дека тоа е затоа што, според него, „ВМРО-ДПМНЕ има 40 пратеници, а СДСМ има 32“.

– ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во рамките на Парламентот по неговата верификација на мандатите на пратеници има 40 на број, а СДСМ има 32. Коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ има 44, а коалицијата која ја предводи СДСМ има 42.

Доколку ги гледаме бројките што ги споредува СДСМ заедно со нивниот коалициски партнер БЕСА е 46. Тоа е исто како сега ние на нашите 44 да додадеме определена друга бројка на определени други пратеници од друга политичка партија и да речеме заедно со овие имаме повеќе од СДСМ.

Партијата која е легитимна и кредибилен претставник на македонскиот народ, на Македонците во рамки на Собранието е ВМРО-ДПМНЕ со најголем број пратеници и тоа се 40, заклучи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средбата Заев-Ахмети заврши без договор за нова Влада, разговорите продолжуваат

Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

Заев: Влада треба да се формира, нови избори не се решение

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 24 лица од Ковид-19, вкупно 1.305

Редакција

Јанкулоска дојде на судењето за набавката на луксузниот мерцедес

Редакција

(Видео) Русија тврди дека го намалува военото присуство на границите со Украина, Западот дека го зголемува

Редакција