еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

За Петков Трифонов бил коалционен партнер на мафијата

„Бугарија има шанса, мафијата штотуку го загуби коалициониот партнер“, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков на прес-конференција, откако дел од пратениците на “Има таков народ“ (ИТН), која излезе од Владата, одлучија да делуваат независно.

Петков им честиташе на пратениците од ИТН на Слави Трифонов, кои одлучија да излезат од партијата.

„Им честитам, овие луѓе се навистина храбри“, изјави Петков, според кого, овие пратеници не ја поддржуваат власта, туку се против „заткулисниот модел што го виделе во нивната партија“.

„Благодарам за храброста на Радостин Василев, министерот кој со сите сили се бореше за борба против мафијата во спортот, иако наиде на неподготвеноста на Слави Трифонов да му помогне.

Благодарност на Георги Георгиев, Иво Атанасов, Николај Радулов, Дејан Петков, Светлин Стојанов“, рече Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трифонов потврди дека го напуштаат дел од пратениците, го обвини Петков дека ги купил

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се уште неизвесно дали Бугарија ќе ја тргне блокадата, вели Османи

Редакција

Патнички воз излета од пруга кај Лакавица, нема повредени

Редакција

(ВИДЕО) Во спот на Независни Грци Заев се претвора во Александар Велики

Редакција