еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Вакцините против Ковид-19, 100 % штитат од смрт и од тешка форма на болеста

Министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма изјави дека 70% од целокупниот број на здравствени работници сакаат да се вакцинираат со вакцини против Ковид-19.

„Здравствените работници што сега се пријавија испратија добар сигнал. 70% од целокупниот број на здравствени работници кажаа дека сакаат да се вакцинираат.

Вакцините се безбедни, развиени на сигурни платформи. Буквално сите вакцини кои се сега на пазарот, штитат 100 отсто од смрт и од тешка форма на болеста. Тоа е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата во светот“, потенцираше Филипче.

Тој информираше дека начинот на кој беа регрутирани здравствените работници кои сакаат да се вакцинираат беше со упатување на писмо до секој директор, до вработените кои работеа со ковид пациенти, не само во самата институција, туку и оние здравствени работници кои беа вклучени во системот на ротација да покажат волја за вакцинирање.

„Ги добивме назад списоците со име и презиме и на тие пријавени здравствени работници се направи соодветниот распоред. Во точниот ден и делот од денот со саатница и минути за да се јават на вакцинација. Одлично оди вакцинацијата. Сакавме почетокот да биде централизиран и под контрола.

Тоа значи дека сите вработени кои изразија интерес – здравствени работници, доктори, медицински сестри кои работат со ковид пациенти ќе бидат вакцинирани во пунктот кај Инфективната клиника.

Овие два до три дена прво институциите во Скопје, а после тоа вработените во другите болници ширум државата ќе доаѓаат во овој пункт, и вработените во приватните болници“, истакна Филипче.

Тој додаде дека во сите вакцинални пунктови, во сите здравствени домови капацитетот за вакцинирање помеѓу 2.500 и 4.000 согласно пријавените на ден.

„Тоа е сосем задоволителна бројка и навистина може за кратко време еден сериозен процент од населението, надвор од здравствените работници да се вакцинира за што побрзо да се постигне колективен имунитет“, посочи Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го продолжи периодот на престој на странци до 31 август

Редакција

Завршни зборови на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестираат пред Министерство за надворешни работи

Редакција