еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Што ни прави загадениот воздух на Западен Балкан

Лошиот квалитет на воздухот е една од причините за зголемена смртност, пократок животен век и повисоки здравствени трошоци на граѓаните од западен Балкан, вели Горјан Јовановски еко-активист и креатор на апликацијата „Мој воздух“

„Аерозагадувањето ги скратува нашите животи, а некогаш и ни ги одзема, поради неговите последици одиме почесто на доктор за да се лекуваме од разни респираторни заболувања.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ ги повикува граѓаните на земјите од западен Балкан да се приклучат кон борбата против аерозагадувањето, со цел заедно да го подобриме квалитетот на воздухот, преку тоа да го продолжиме и нашиот животен век.

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија наведува дека загадувањето на воздухот на западен Балкан, го скратува животниот век на граѓаните во просек од 0,4 до 1,3 години.

Според податоците на СЗО, лошиот квалитет на воздухот во регионот предвремено одзема до 13.500 животи секоја година.

Во исто време, годишните трошоци за здравствена заштита предизвикани од електрани на јаглен на западен Балкан се проценуваат на 1,2 до 3,4 милијарди евра,“ се вели во соопштението.

Последиците од аерозагадувањето најмногу влијаат на граѓаните со понизок социоекономски статус, кои често повеќе се изложени на тоа, бидејќи живеат во области со голем интензитет на сообраќај и близу до извори на загадување како што се електрани и индустриски капацитети.

„Исто така, претежно сиромашните луѓе се оние кои работат тешка работа со професионална изложеност на гасови, честички, гасови и тешки метали.

Кога врз сето тоа ќе се земат предвид и климатските промени кои предизвикуваат дополнително загадување, ваквите услови за живот резултираат со пократок животен век, што особено ги погодува постарите лица и децата на возраст под пет години.

Со кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“, бараме намалувањето на аерозагадувањето да се дефинира како национален, регионален и меѓународен приоритет и интегрирано во сите,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иднината е во електромобилноста

Редакција

„Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и 6 илјади евра за управителот за загадување на Маркова река

Редакција

Ќе се изработи акт за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел

Редакција