еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Иднината е во електромобилноста

Електромобилите (електричните автомобили) сè повеќе „владеат“ со патиштата во светот. Овие електрични автомобили, кои се движат со помош на еден или повеќе електрични мотори, користат струја (електрична енергија) складирана во батерии или во други уреди за складирање.

Не знаеме дали се сеќавате дека електричните автомобили беа многу популарни кон крајот на 19-тиот и почекот на 20-тиот век. Потоа, технолошкиот напредок на моторите со внатрешно согорување и евтината цена на бензинот го „намалија“ интересот за електромобилите.

Кон ова, секако, придонесе и енергетската криза во 1970-тите години. Но, од почетокот на овој милениум, електричните автомобили доживуваат бум и преродба. Секако, причини за ова има многу, но ќе се осврнеме само на неколку.

Прво, станува збор за максимално еколошки возила. Сè почестата сериозна загриженост за животната средина, која страда од испуштањето штетните гасови, ги „принудува“ жителите на планетета Земја да бараат алтернативни решенија за досегашните енергетски горива.

Исто така, сериозната флуктуација на цената на горивата доведува до размисли за производство на електрични возила.

Потоа, овие електрични возила се многу економични. За среќа, цената на струјата е поевтина од сите видови горива и со тоа, возењето е многу поисплатливо. Без разлика дали станува збор за хибридни или целосно електрични возила, сепак, гледано од страна на економија, дефинитивно сопственикот на вакво возило е во добивка. Прашајте ги сопствениците!!!

Со електричните возила, компанијата Хамачи Ве води кон иднината. „Битката“, секако, ја добиваат возилата на електричен погон. Во победата придонесува и компанијата Хамачи, која во земјава продава електрични возила, мопеди (велосипеди), тротинети и ховерборди. Затоа што, прашање на време е кога моторите со внатрешно согорување ќе заминат во историјата како загадувачи.

Едноставно, тие ја отслужија намената за кои беа произведени. Ова го знаат и најголемите производители на автомобили во светот и затоа, сè повеќе слушаме и читаме за напредоците во оваа област. Замислете, за извесно време, ќе патувате по автопат кој сам ќе ја полни батеријата на Вашиот автомобил. Вие ќе плаќате за секој поминат километар на сметката за електрична енергија.

Секако, благодарение на Хамачи во Македонија, како држава се доближуваме до европските стандарди и трендови. Многу граѓани, но и се повеќе институции и општини, ги користат придобивките на електричните возила.

Исто така, следејќи го трендот, сè повеќе увозниците внесуваат возила на електричен погон а државата ги стимулира сите што ќе купат вакво возило.

Да не одиме многу далеку во барањето практични примери. Општина Чаир, уште пред 4-5 години, одлучи својот возен парк да го замени со нови еколошки возила на електричен погон. Според нив, овие возила се корисни за животната средина и се поекономични, односно заштедуваат пари на граѓаните од општинскиот буџет. Со ова, Чаир е првата македонска општина која целосно го замени возниот парк и постави полнач за електрични автомобили.

И Градот Скопје има електрични возила во својата „флота“. Последните информации од Министерството за внатрешни работи вели дека на подрачјето на Скопје се регистрирани 48 електрични возила.

Од нив, 24 во општината Центар, 10 Карпош, по 4 возила во Чаир, Гази Баба и Кисела вода и по едно возило во Ѓорче Петров и Илинден. Исто така, поставени се неколку станици за електрично полнење автомобили и електрични мопеди во Скопје, со што дефинитивно, Македонија гради инфраструктура за електромобилноста, за иднината.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Шампионите во хокеј порачуваат: На Македонија ѝ треба арена за овој спорт

Редакција

Одржувајте ги фит и умот и телото со електричен тротинет

Редакција

Кој се ја „мерка“ фотелјата на Мицкоски?

Редакција