Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 369 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 44 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 50, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 21 болен.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 26 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 34, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 626 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ