еМагазин
Image default
Свет

Израел донесе закон кој овозможува откривање на имиња на лица кои не се вакцинирани

Израелскиот Парламент денеска му одобри на Министерството за здравство да им ги открива имињата на луѓето кои не биле вакцинирани против коронавирусот на другите тела на власта во земјата, предизвикувајќи критики за нарушување на приватноста на граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат.

Законот, донесен со 30 гласа „за“ и 13 „против“, им дозволува на локалните власти, генералниот директор на Министерството за образование и на некои вработени во Министерството за социјални работи да ги дознаат имињата на овие лица, нивните адреси и телефонски броеви.

Одредбата, која ќе биде во сила три месеци или додека не заврши пандемијата, има за цел да им дозволи на властите да ги охрабрат луѓето да се вакцинираат обраќајќи им се лично, соопшти Парламентот.

Повеќе од три милиони луѓе во Израел веќе примиле две дози на вакцината на Фајзер и Бионтек, што е речиси една третина од околу девет милиони жители.

Затоа во неделата стапи во сила третото отворање од почетокот на пандемијата кога беа отворени трговски центри и улични продавници за сите граѓани.

Некои места сепак се отворени само за оние кои примиле и втора доза од вакцината или прележале Ковид-19 и имаат потврда за тоа.

Израелската Влада истакна дека целта е до април да се вакцинираат 6,2 милиони луѓе.

Од почетокот на пандемијата во Израел се регистрирани повеќе од 760.000 случаи на Ковид-19, а повеќе од 5.600 луѓе починале.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Вакцината на „Модерна„ за Ковид-19 е ефикасна 94,5%

Редакција

Омикрон варијантата на коронавирусот се очекува да стане доминантна во Европа во првите два месеци од 2022 

Редакција

Светот на работ од Трета светска војна: Израел ќе одговори на нападот на Иран

Редакција