На 26.02.2021 околу 20.30 часот во СВР Скопје биле приведени Д.Б.(22), Р.Б.(20), А.С.(26) и Ј.М.(26), сите од Скопје, поради тоа што пред угостителски објект на ул.„Трифун Хаџи Јанев“ го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Б. и Р.Б., од една страна и А.С. и Ј.М., од друга страна, информира МВР.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.