еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тешка сообраќајна несреќа на Пониква: Девојка загина откако џип излета во бездна

Едно лице загина, а две се потешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што околу три часа по полноќ се случи во месноста Аеродром на Пониква.

Патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со бугарски регистерски таблички, кое се движело во правец на Кочани, наместо да сврти десно кон градот, продолжило право и излетало во бездната висока неколку десетици метри.

„Изутринава околу 3:15 часот добивме повик за интервенција за спасување повредени лица од сообраќајната несреќа кај Аеродромот, при што од превртеното возило извлековме безживотно тело на девојче кое настрадало на лице место.

Другите две лица, момче и девојче кои се здобиле со потешки повреди беа префрлени со возило на итна помош во кочанската болница.

Поради специфичноста на стрмниот терен и можноста возилото дополнително да излизга, бевме принудени да го осигураме со јажиња“, исткна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Трите лица кои се наѓале во превртеното возило се од кочанскиот регион и се на приближно иста возраст.

Увид на местото на настанот извршија јавен обинител и екипа од Полициската станица од Кочани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вабтек МЗТ во минус во третиот квартал

Редакција

Притвор за осомничениот убиец од Тафталиџе: Обвинителството со детали од истрагата

Редакција

„Секирата ми беше пет сантиметри од глава“: Новинарот и снимателот споделија детали за нападот

Редакција