еМагазин
Image default
Бизнис

Сковин лани работел со загуба

Сковин АД Скопје за периодот јануари-декември 2020 година оствари оперативна загуба во износ од 37.112 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи во периодот јануари-декември 2020 година изнесуваат 6.213 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2019 година бележат пад од 96%.

Оперативните приходи во износ 6.200 илјади денари учествуваат со 99,9 % во вкупните приходи и истите бележат пад од 95 % во споредба со оперативните приходи во 2019 година, како резултат на реализирање на купопродажбата на подвижен и недвижен имот и поради непостоење на сопствено производство и продажба.

Финансиските приходи изнесуваат 13 илјади денари и бележат намалување од 81 % во однос на 2019 година.

Вкупните расходи во износ од 36.246 илјади денари бележат пад од 69 % во однос на вкупните расходи во 2019 година , што се јавува како резултат на намалувањето на трошоците за суровини и материјали во однос на 2019 година за 94 %, како и поради извршеното вредносно усогласување на тековни средства во 2019 година .

Финансиските расходи во износ од 482 илјади денари бележат намалување од 90 % во однос на 2019 година.

Сковин АД Скопје за периодот јануари-декември 2020 година оствари негативен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 37.581 илјади денари.

Поради остварените акумулирани загуби и поради неможност Сковин АД Скопје да остварува позитивен финансиски резултат, матичното друштво Фершпед АД Скопје уште во 2019 година одлучи да не продолжи со финансиска поддршка неопходна да се обезбеди континуитетот во работењето на Друштвото“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови

Редакција

„Енергоинвест трејд“ го доби тендерот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на шест базени вреден 3,2 милиони евра

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на УЈП за набавка на гориво

Редакција