Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 3.546 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.
За вакцинација преку веб-страницата vakcinacija.mk досега се пријавиле 75.900 граѓани, а 52.351 преку матичен лекар, посочуваат од Министерството и додаваат дека од вкупно пријавените 128.251 за вакцинација, 60.959 се на возраст над 70 години.
МИА/Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.