Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 19.10 часот, во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на улица „ЈНА“ во Тетово, сопственост на тетовчанецот С.Г. (37).
При контролата било констатирано дека не биле почитуваните протоколите за работа на угостителските објекти, односно на масите имало повеќе гости од дозволеното.
МВР денеска соопшти дека сопственикот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.