еМагазин
Image default
Свет

СЗО бара повеќе финансиски средства за борба против Ковид-19

Глобалниот проект за борба против коронавирусот АЦТ Акцелератор има потреба од 22,1 милијарди долари за финансирање, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.

Организацијата објави нова стратегија и буџет за проектот за 2021 година.

– Моментно 11 милијарди долари се доделени за AЦT Акцелератор, но сè уште се соочуваме со недостиг на финансирање од 22,1 милијарди долари.

Ги повикуваме земјите целосно да го финансираат AЦT Акцелераторот како најдобра инвестиција во глобалното закрепнување, истакна шефот на СЗО на брифинг.

Гебрејесус нагласи дека ова е само мал дел од над 13 трилиони долари. Оваа сума, според ММФ, досега ја трошеле земјите со високи приходи за фискален стимул.

МИА/Фото: Photo by Fusion Medical Animation on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убивал од „досада“: Болничар во Германија призна убиството на повеќе од 100 пациенти

Редакција

За десет дена, околу 500.000 деца ја напуштиле Украина

Редакција

Три можни сценарија за крај на војната во Украина

Редакција