еМагазин
Image default
Бизнис

Дали ќе имаме недостиг од бензин: За 50 проценти е намален транспортот на нафта од Грција

За 50 проценти е намален транспортот на нафта од Грција, а кај другите стоки за широка потрошувачка има намалување од 30 до 50 проценти, брифираат за „Слободен печат“ од Макам транс.

Од Здруженито не сакаат да прејудицираат дали на државава и се заканува недостиг на бензини, но додаваат дека се ќе зависи од тоа колку ќе трае ваквата состојба и што ќе решат грчките власти.

Според информациите од возачите, како што пишува “Слободен печат“ и денеска пред граничниот премин Богородица – Евзони, колоните и натаму се огромни и достигаат до Гевгелија, бидејќи за секој влез во Грција, мора да се добие код, откако ќе се најавите на електронската страница.

Како што е познато неодамна Грција почна да ги тестира за Ковид-19 транспортерите на граница, која за нив и понатаму е отворена само од 6 до 18 часот, поради што на границата со денови има голем застој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Дуна инвестира во нов административен, развоен и логистички центар

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите го загубија првото место

Редакција

Убава вест: Раст од 26,5% на извозот во јануари

Редакција