еМагазин
Image default
Македонија

Агапи Дика сведочеше за нејзината улога во „Меѓународен сојуз“

Претседателот на Собранието на Меѓународен сојуз, Агапи Дика, денеска во Кривичниот суд Скопје сведочеше за нејзината улога во Меѓународниот сојуз и склучување на договори со правни лица.

Сведокот Дика, во Кривичниот суд Скопје, рече дека поврзаноста со Меѓународниот сојуз е преку Бојан Јовановски, (првообвинет, претседател на Меѓународен сојуз).

– На свечената средба што се одржа во просторите на Музејот на современа уметност, за Меѓународен сојуз, беа присутни угледни лица. Присуствуваше народниот правобранител, имаше лица од министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни, беше пратеникот Стефан Богоев.

Бојан ми кажа дека седиштето на Меѓународен сојуз, ќе биде во близина на Кривичен суд Скопје. На второ Собрание се склучија договори со “Дрим билдинг” и “Пелистер”. Проектите беа прекрасни. Верував во тие проекти. Меѓународен сојуз тука беше за менаџирање со овие проекти, рече сведокот Дика.

Таа воедно истакна дека за износот на договорите разбрала подоцна, односно по некое време барала да поднесе оставка од функцијата претседател на Собранието на Меѓународен сојуз.

Кажа дека пред првото собрание на Меѓународен сојуз, таа и Бојан Јовановски оствариле средба со премиерот Зоран Заев, при што го презентирале Акцискиот план.

– Средбата не траеше многу. Бевме на прием и во МВР, кај Оливер Спасовски. Мислам дека Бојан, беше на прием и кај Мила Царовска. Така се зборуваше.

Во МВР со Оливер Спасовски, се збореше за вмрежување на соработката на невладината Меѓународен сојуз Скопје и МВР, рече сведокот Дика. За финансирање на ова невладина сведокот Дика, наведе дека требаше да се финансират ад-хок фондови.

Сведокот Дика, на прашање на обвинетиот Бојан Јовановски, дали таа била во Управа на финансиска полиција, одговори дека тој ден била изиграна.

– Ми се јави Бојан Јовановски, дека треба да одам во Финансиска полиција. Отидов и тие се чудеа зошто сум отишла. Таму ме познаваа многу луѓе. Тогаш разбрав дека некои пари се заробени. Сумата не се кажа. Се зборуваше за голема сума. Таму бевме со Јасна Мандиќ, рече сведокот Агапи Дика.

По испитувањето на Агапи Дика, свој исказ ќе даде сведокот Јордан Камчев. Тој во судницата беше спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Камчев од притвор спроведен до суд да сведочи за „Меѓународен сојуз“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Охрид

Редакција

Шест нови случаи на Ковид-19 од 3.147 тестирани, бројот на активни е 235

Редакција

Стружанец на 44 години и тетовец на 54 години меѓу седумте починати од корона вирусот

Редакција