еМагазин
Image default
Македонија

Досега се самопопишале 77.122 граѓани од дијаспората

Преку апликцијата за самопопишување на дијаспората заклучно со денешниот ден евидентирани се вкупно 77.122 лица.

Процесот на самопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци, а попишувањето ќе се одвива до 21 април 2021 година.

Од 1 март д 15 март се попишуваа и вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство, македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Северна Македонија во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица, како и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.

Пописот на населението во земјава ќе се спроведува од 1 до 21 април 2021 година.

Државниот завод за статистика објави и дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, за кој заинтересираните кандидати треба да се пријават до 20 март 2021 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 21 лице, вкупно до сега 8.383

Редакција

Бугарите да влезат како државотворен народ во македонскиот Уставот, не како малцинство, бара Бугарија

Редакција

Починати 20 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.274

Редакција