еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Продолжен куќниот притвор и предлог за дополнителни санкции за малолетникот што со БМВ Х6 го удри и тешко го повреди хирургот Ѓорги Јота

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за примена на санкција спрема дете во ризик постаро од 14 години, кое извршило дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

„На 25 февруари, детето во ризик, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.

Иако немал возачка дозвола, тој со брзина поголема од дозволената за населено место управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко“, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин, ваквата брзина не му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците.

Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин.

Од ударот, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба, а детето во ризик веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош.

Бидејќи постои реална опасност детето да се даде во бегство, да ја попречува постапката или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор, информираат од Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетникот кој со „БМВ Х6“ удри во хирургот Јота оди во куќен притвор и остана без пасош

Хирургот Јота има тешка повреда на главата, нагмечување на мозокот и на белите дробови

Лекарска комора бара најстрога казна за сообраќајката во која настрада хирургот Јота: Сторителот без да пружи и повика помош, го напуштил местото

16-годишник без возачка дозвола со „БМВ Х6“ го прегазил лекарот Ѓорги Јота кој се здобил со тешки телесни повреди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Новинарката Катерина Топалова преку лично искуство во борбата со Ковид-19: Како загадениот воздух влијае на периодот на опоравување

Редакција

Проф. Трајковски: „Не треба да се разочаруваме од намалување на ефектот на вакцината против заразување, сé додека ефективноста против смртен исход е преку 80%“

Редакција

Атиџе жртва на напади на Фејсбук: Срцево ми е полно тага, не заслужувам да ме понижуваат, да имам пари и јас ќе помагам

Редакција