еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Лекарите се преморени и заразени со Ковид-19: Лекарска комора бара дополнителни рестриктивни мерки и граѓаните да ги почитуваат

Лекарската комора апелира и ги повикува сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на ковид-19 и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите во борбата за заштита на индивидуалното и колективно здравје.

„Капацитетите на болниците речиси се исполнети, секојдневно бараме дополнителен кревет за згрижување на тешко болните.

Голем проблем за одржливоста на здравствениот систем претставува и намалувањето на бројот на активни здравствени работници, бидејќи и меѓу нив расте бројот на заразени и на оние кои се во самоизолација, а дополнително е и тоа што се соочуваме и со премореност, бидејќи епидемијата трае многу долго,“ велат од Лекатска комора.

Од таму додаваат дека голем дел од кадарот кој работи во ковид центрите одамна не работи по систем на ротации, а многу здравствени работници немаат користено годишен одмор.

„Во услови на намален број на здравствени работници и непостоење на начин за кратко време тој да се зголеми станува јасно дека помал број на лекари, медицински сестри и болничари треба да се грижат за значително поголемиот број пациенти што неминовно влијае на квалитетот на здравствената нега која се добива.

На крај, со ангажирање на здравствените капацитети во лекувањето на ковид-19, неминовна последица е сведување на минимум на капацитетите за дијагностицирање, лекување и згрижување на болни со не-ковид патологија, што дополнително го загрозува здравјето на популацијата,“ се додава во соопштението.

Од Лекарска комора апелираат и до Комисијата за заразни болести сериозно да го земе предвид воведувањето на дополнителни рестриктивни мерки и протоколи.

„Свесни сме за фактот дека овие мерки се крајно непопуларни, но во интерес на одржливост на болничките капацитети и зачувување на јавното здравје, како здравствени професионалци, сметаме дека нивното воведување е повеќе од потребно.

Само со холистички пристап и земање на сите фактори предвид и со пропатна реакција на сите полиња можеме целосно да се избориме со вирусот,“ велат од Лекарска комора.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

Редакција

Обвинителство со детали за несреќата во Лепенец: „Фолксвагенот“ непрописно претекнувал и предизвикал возилото на косовското семејство да падне во реката

Редакција

Биониженерот Кунгуловски: Носењето маски на отворено кога нема висока агрегација на луѓе е небулозно и бескорисно

Редакција