еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кој не треба да се вакцинира против Ковид-19?

Од вчера функционира онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација, информираа од Министерството за здравство.

На оваа веб страна ќе најдете и одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата.

Кој не треба да се вакцинира?

Едно од прашањата е и кој не треба да се вакцинира против Ковид-19, а одговорот е следен:

„Децата и адолесцентите на возраст под 16 години за кои вакцината во моментов не е одобрена, не треба да се вакцинираат.

Бидејќи сè уште нема доволно информации, вакцинацијата за време на бременост и лактација во моментов се препорачува само според индивидуална проценка.

Ако страдате од акутно заболување со треска над 38,5 °C, вакцинацијата треба да се изврши по закрепнувањето. Сепак, субфебрилна или малку покачена температура (под 38,5 °C) не е причина да се одложи вакцинацијата.

Во случај на преосетливост на компонента од вакцина, вакцинацијата не треба да се спроведува. Ве молиме информирајте го докторот пред вакцинацијата ако имате алергии“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тие што прележале Ковид-19 може да се вакцинираат со една доза

Дали вакцините против Ковид-19 ја менуваат вашата ДНК и предизвикуваат рак?

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Струмица доби десет електрични автобуси, кои ќе почнат да сообраќаат од 11. септември

Редакција

Највисоки просечни нето-плати во јануари

Редакција

Францускиот амбасадор Бомгартнер: Се зависи од можноста Скопје и Софија да постигнат договор

Редакција