Уште еден пратеник од конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел поднесе оставка по информација во списанието „Шпигел“ дека зел пари во замена за лобирање за политичка партија од Република Северна Македонија.
Според изданието, Тобиас Цех, од Христијанско-социјалната унија во Бундестагот, добил во 2016 година петцифрена сума пари за да ја советува партијата на поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски.
Понатаму се наведува дека Цех, исто така, лично водел кампања за Груевски, кој подоцна беше осуден за корупција и побегна во Унгарија.
Блокот на Меркел веќе изгуби тројца пратеници поради скандалите околу договорите за набавка на заштитни маски.
МИА/Фото: Шпигел/МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.