еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали од МВР за апсењето на синовите на Дилавер Бојку – Леку

Во полициска акција синоќа се приведени синовите на Дилавер Бојку Леку, Ербен и Бесник на регионалниот пат Струга – Дебар, пред селото Велешта.

Двете лица носеле пиштоли во себе.

– Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ вчера во 21 часот и 45 минути на патот Струга – Дебар, пред селото Велешта го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга, соопшти денеска МВР.

При приведувањето кај Е.Б. бил пронајден пиштол. Тој се барал по три потеници за убиство, нелегална трговија со оружје и други кривични дела, за што бил осуден на казна затвор од 21 година.

Неговиот брат Б.Б., бил приведен, бидејќи кај него бил пронајден пиштол.

Таткото на приведените на јавноста и беше познат по нелегалната проституција за што беше и осудуван. Беше убиен во 2017 година пред неговиот ресторан во Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во полициска акција „Бегалец“ уапсени синовите на убиениот Дилавер Бојку – Леку

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитник на Нобеловата награда за мир, за кој беа номинирани и Заев и Ципрас е премиерот на Етиопија

Редакција

Ковачевски неможел да коментира за скандалозната снимка со Џафери, оти не гледал кој со кого зборува

Редакција

(Видео) “Славејот“ Ајдин Османовиќ кој ни ги стопли срцата ќе има концерт во Македонија

Редакција