еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 55 пациенти, а вкупно се лекуваaт 406

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 406 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 28 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 166 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти.

На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 76 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Пендаровски Кирил Петков зборува како Нелсон Мендела споредено со неколкумина министри од владата на Борисов

Редакција

Изменет Деловникот за работа на Владата за да Артан Груби стане прв вицепремиер

Редакција

Новите осомничени во случајот „Рекет“, повикани на распит во Кривичен суд

Редакција