еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одбраната на Камчев тврди му е влошено здравјето и дека врз него се врши тортура

Одбраната на притворениот бизнисмен Јордан Камчев во текот на денешниот ден писмено и официјално ќе се обрати и ќе побара асистенција и мониторинг од Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, од Асоцијацијата за превенција од тортура од Женева, од Македонскиот народен правобранител (оддел на национален превентивен механизам), како и од македонскиот Хелсиншки комитет, пренесува Плусинфо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекари од “Аџибадем Систина“ со апел: Мерката притвор е престрога, Камчев и е потребен на болницата

Одбраната од нив ќе побара да спроведат ад хок мисија, бидејќи “Камчев е подложен на нехуман, понижувачки третман и тортура од страна на институциите кои ја имаат ограничено неговата слобода со мерката триесетдневен притвор“.

“Просторијата во која се држи Јордан Камчев е под сите минимални стандарди согласно со закон и со меѓународно право. Нема санитарна вода, а вода за пиење добива ограничено и не секој ден. Нема пристап до светлина и до свеж воздух.

Оваа ситуација на нехуман, нечовечки и понижувачки третман и тортура само придонесува здравјето на Камчев да се влошува од ден на ден, за што беа предупредени правосудните институции и им беше доставена целокупна медицинска документација од наша страна.

За жал, досега нема никакво дејствие од нивна страна ниту било каков одговор„, велат од неговата одбраната, од каде посочуваат дека: „со цел заштита на животот и на здравјето на клиентот, одбраната ќе ги искористи сите легални и легитимни институции, како македонски така и меѓународни да извршат мониторинг, надзор и заштита од ваквото постапување“.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Во службената белешка за Камчев има сериозни аргументи, вели Заев

Кривичен ја одби жалбата на Камчев за притворот

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил судијата Јово Вангеловски

Редакција

Убава вест: Оздравени 21 пациент кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

Девет починале во април: Од Ковид-19 починаа 18 лица, најмладиот на 41-годишна возраст

Редакција