еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Денеска во Косово мирно, КФОР ја следи ситуацијата

Во северниот дел на Косово утрово е мирно, а полицијата со возила ги блокира приодите кон зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, јави Бета.

На административните премини Јариње и Брњак утрово нема блокади, гужви и застои, а патничкиот и товарниот сообраќај се одвива без проблеми, јави РТС. Синоќа имало гужва поради граѓаните од Косово кои се враќале од Белград од митингот „Србија на надежта“.

Мисијата на КФОР ги осуди „сите еднострани дејствија што ризикуваат понатамошна ескалација на тензиите“ во Косово.

„Наш прв приоритет останува осигурување безбедна средина, во согласност со нашиот мандат“, објави синоќа мисијата на Твитер.

Во соопштението на КФОР се додава дека тие „внимателно“ ја следат ситуацијата на северот на Косово.

Во судирите со косовската полиција вчера беа повредени неколку десетици лица кои го спречуваа влегувањето на новите претседатели на општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток во општинските згради.

Интервенцијата на Приштина на северот на Косово ја осудија мисиите на КФОР и Еуролекс, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен, амбасадорите на САД во Белград и Приштина, комесарот за проширување на Европската унија, ги повикаа косовските власти веднаш да ги прекинат овие акции, пишува Бета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ја обвини Владата на Косово за тензиите во земјата и посочи дека тоа ќе влијае на нивните билатерални односи

(Видео) Немири во северно Косово, повредени десетина лица

МИА/Фото: Еуролекс/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс директорот на ЕЛЕМ, Бошковски осуден на три години затвор за случајот „Тарифа“

Редакција

Внимателно при движење на Водно: Што доколку ви се појави дива свиња на некоја од планинарските патеки

Редакција

Највисоки просечни нето плати во мај

Редакција