еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Генералштаб на грчката армија за летот на грчки авиони над Скопје: Активностите меѓу Северна Македонија и Грција ги зајакнуваат врските меѓу двете земји

За учеството на грчките воени авиони Ф-16 за време на вчерашната прослава на годишнината од членството нашата земја во НАТО, како и за билатералните воени активности меѓу Северна Македонија и Грција, со соопштение излезе Генералштабот на грчката армија во кое меѓу другото, вели дека овие активностите ги зајакнуваат врските меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Генералштабот велат дека со потпишувањето и спроведувањето на Програмата за воена соработка на Грција со Северна Македонија, со преземање на мисијата за надзор на воздушниот простор (Air Policing), но и спроведување на активности како што се обука за НАТО стандардизација, потпишување на Договор за размена на класифицирани информации и извршувањето на низа едукативни активности меѓу вооружените сили на двете земји, „придонесуваат максимално за непречено и брзо прилагодување на Република Северна Македонија со процедурите на Алијансата“.

-Дополнително, горенаведените активности ги зајакнуваат врските меѓу двете земји и придонесуваат за унапредување на улогата на Грција и нејзините вооружени сили како фактор на безбедност и стабилност на Балканот, соопштуваат од Генералштабот на грчката армија.

Во текот на вчерашниот ден, за време на прославата на годишнината од членството во НАТО, три грчки Ф-16 прелетаа над Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото-вест) Грчки авиони летаа над Скопје на годишнината од влезот во НАТО

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се формира Совет за побрз проток на стоки меѓу Србија, Албанија и Македонија

Редакција

По сообраќајна несреќа на територија на Грција, тамошните повредени помош добиле преку струмичкиот 112

Редакција

Македонија и Србија ќе потпишат меморандуми за полесно поминување на границите, соработка во областа на енергетиката и рударството

Редакција