еМагазин
Image default
Бизнис

Царинската управа за бугарските книги кои беа задржани на граница

Во врска со пратката од над 1.000 книги (920 нови и 250 стари) задржани на границата, каде како примач на донацијата се јавува Културно информационен центар на Република Бугарија во Скопје, Царинската управа на својот профил на Фејсбук објави дека и покрај тоа што царинскиот орган, преку Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, побарал изјава дека пратката е наменета за Културно информациониот центар, таква изјава не била доставена ниту од Центарот, ниту од Бугарската амбасада во Скопје.

– Согласно Царинскиот закон предметите што се увезуваат, а имаат образовен, научен и културен карактер, согласно со прописот од членот 199 на овој закон, како и научни инструменти и апарати, како и нивни резервни делови кои се увезуваат во некомерцијални цели и кои не се произведуваат во Република Северна Македонија се ослободени од плаќање на увозни давачки, наведува Царинската управа.

Управата посочува дека за да може да се оствари ова право, пропишани се поблиски услови кои треба да бидат испoленти, а меѓу другото како што и самиот закон наведува да се од некомерцијална природа (во случајот повеќе од 1.000 книги), односно стоката да е наменета како подарок.

– Во конкретниот случај кон барањето за ослободување беше приложен договор за подарок кој е потпишан само од едната страна, т.е. од испраќачот на книгите, а не и од примачот што го прави договорот правно неважечки, посочува Царинската управа во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протесна нота од Бугарија за Македонија оти на Деве Баир била запрена пратка од 920 бугарски книги

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жикол“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на улицата Борис Сарафов вреден 596.000 евра

Редакција

„Современ дом“ ја зголеми добивката

Редакција

Управата за извршување на санкции вработува 18 лица, плата до 24.402 денари

Редакција