еМагазин
Image default
Македонија

Филипче со дообјаснува на „Фејсбук“ за вакцината „АстраЗенека“: Нема простор за паника за граѓаните што се вакцинираа во Србија

Вакцината на “АстраЗенека“ е безбедна за возрасните групи граѓани со кои денеска ја започнавме вакцинацијата, дообјаснува министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

„Сите граѓаните над 77 години се пријавиле слободно да се вакцинираат, кај нив не се забележани негативни ефекти. Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада од вчера се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години.

Исклучително ретки случаи на посериозни тромботични несакани ефекти од „АстраЗенека“ засега се појавиле само кај помладите од 60 години. Статистички, само 1 случај на 125.000 вакцинирани до 1 на 1 милион вакцинирани појавиле вакви ефекти што значи дека нема простор за никаква паника.

Заради предострожност, бидејќи сакаме да сме сигурни, засега нема да почнеме со вакцинација на помлади граѓани од 60 години со оваа вакцина до следните конкретни препораки од регулаторите и производителите.

Денеска имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови Малмед, со коишто сакаме да размениме соодветни информации евентуално да се обратиме до Европската агенција за лекови и директно до германското Министерство за здравство по што ќе имаме повеќе информации.

Граѓаните кои веќе ја примиле вакцината во Србија не треба ништо превентивно засега да прават.

Сериозни компликации се исклучително ретки како што веќе кажав и кај нив исто така нема простор за паника. Сите граѓани кои примија една доза вакцина ќе бидат и ревакцинирани, согласно препораките кои ги очекуваме во следниот период.

Кај нас досега има регистрирано еден случај на девојка којашто има 28 години и таа од вчера се наоѓа на болничко лекување со тромботичен ефект којшто се поврзува со примање на една доза на вакцината “АстраЗенека“.

Верувам дека ќе се потврди уште еднаш дека бенефитот од вакцината, бидејќи ризикот да се заболи од тешка форма на Ковид-19 е многу поголем од ризикот да се добие таква компликација од самата вакцина,“ напиша Филипче на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Важни совети од Пановски за вакцинираните со „АстраЗенека“ но и другите вакцини

28-годишна девојка се лекува на Клиника поради згрутчување на крвта по примена вакцина на „АстраЗенека“

Лица помлади од 60 години во Македонија нема да се вакцинираат со „АстраЗенека“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Функционер на ДУИ: Владата се гласа или паѓа со двата прста на Изет Меџити

Редакција

Првооделенец од кумановското училиште „Крсте Мирисков“ позитивен на коронавирусот, цело одделение и наставничката во изолација

Редакција

Повикувањето за вакцинација ќе се одвива преку системот „Мој термин“

Редакција