еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Досега од вакцината на „АстраЗенека“ се дадени над 15 милиони дози, голем дел од европските држави продолжуваат со вакцинација

Националната техничка работна група за Ковид-19 вакцинација ги следи сите информации во однос на ефикасноста и безбедноста на сите вакцини вклучително и на вакцината на „АстраЗенека“, информираат од Министерство за здрвство.

„Во тек на вчерашниот ден беа разгледани ставовите на Германија и Канада, чии здравствени регулаторни тела одлучија оваа вакцина привремено да ја користат само кај популација постара од 60 т.е  55 години.

Овие одлуки ги темелат на појава на многу ретки случаи на згрутчување на крвта, вклучувајќи и ретки случаи на тромбоза на церебрален венски синус кај лица кои ја примиле вакцината на „АстраЗенека“.

Во моментов од страна на Европската агенција за лекови и Светската здравствена организација нема промена на официјалните препораки во однос на возрасните групи кои може да ја примаат вакцината на „АстраЗенека“.

Засега најголем број на европски држави продолжуваат со вакцинацијата на цела популација со вакцината на „АстраЗенека“.

Имунизација со „АстраЗенека“ во нашата земја започна денес за ѓраѓаните над 77 години и ќе се одвива според националниот план за вакцинација.

Будно ќе ја пратиме состојбата и новите информации во однос на употребата на вакцината на „АстраЗенека“, а како мерка на претпазливост во следните денови до добивање на официјални препораки и ставови, вакцината на „АстраЗенека“ во нашата држава ќе се употребува само кај популација постара од 60 годни.

Бенефитот од вакцинацијата неколку кратно е поголем од ризикот на истата, и вакцините остануваат единствен начин за сузбивање на пандемијата.

Досега од вакцината на „АстраЗенека“ се дадени над 15 милиони дози и бројот на несакани реакции и изворедно мал,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче со дообјаснува на „Фејсбук“ за вакцината „АстраЗенека“: Нема простор за паника за граѓаните што се вакцинираа во Србија

28-годишна девојка се лекува на Клиника поради згрутчување на крвта по примена вакцина на „АстраЗенека“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев, Вучиќ и Рама бараат поддршка од Берлин за Отворен Балкан

Редакција

(Видео) Со канти за ѓубре нападнати бугарски навивачи во скопски Чаир

Редакција

Бранко Героски: На Карпов му извадив реми, а рекетариве и плукачиве планирам да ги матирам

Петре Димитров