еМагазин
Image default
Македонија

Полицајци сведочеа на судењето за насилниот протест за пресудата за “Монструм“, уште едно лице призна вина

Следно рочиште за насилните настани од 26 февруари за протестот против одлуката за случајот “Монструм“, продолжува на 9 април.

Свои сведочења денеска има полициските службеници кои го обезбедувале протестот. Тие раскажа дека првин биле нападнати со камења, па после и со клоци. Лицата што ги нападнале изјавија дека не ги познават и дека истите биле со маски.

На денешното рочиште вина призна обвинетиот Бетим Касами и истиот од Кривичниот суд Скопје, беше осуден на осум месеци казна затвор. Јавниот обвинител воедно побара да му се продолжи мерката притвор, од причина дека постојат можности за бегство.

Судот предлогот го прифати како основен и на обвинетиот му ја продолжи мерката притвор.

Понатамошната постапка за овој настан ќе се води против обвинетите Фабион Идризи и Артон Садики. За истите одбраната денеска достави листа на сведоци кои ќе треба да сведочат на следните рочишта.

Судењето за овој предмет го води судијата Марин Станевски, а како застапник на обвинението е обвинителката Марија Демирова-Панајотова.

Претходно три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа.

На протестот на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 55 оздравени од Ковид-19

Редакција

Надлежните да преземат мерки за тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, велат од „Комунална хигиена“

Редакција

Поразително е доаѓањето на тимот од Вашингтон, бидејќи не сме си ги завршиле домашните задачи, вели претседателката на Антикорупциска

Редакција