еМагазин
Image default
Локално

Возач на мопед во Велес тешко повреди 12-годишно девојче

На улица „АСНОМ“ во Велес, синоќа околу 19:50 минути, мопед „Кивеј“ со велешки регистарски броеви управуван од 19 годишиот Ѓ.С. од Велес удрил 12-годишно дете кое ја преминувало улицата, пришто, пешакот се здобил со тешка телесна повреда и е пренесен во болницата во Велес каде е задржанo на лекување.

Бил извршен увид на местото на настанот, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Kaко што информира портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Елеонора Јованова, синоќа околу 20 часот на одделот за хирургија со возило на Итна медицинска помош било донесено девојче на 12 годишна возраст повредена во сообраќајна несреќа при што се здобила со скршеница на клучна коска десно.

-Пациентката е задржана на болничко лекување на одделот за ортопедија, информира Јованова.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен дрвокрадец од Кичево кој нападнал шумски полицајци

Редакција

Работник од Албанија пронајден починат во објект на фирмата каде што работел

Редакција

Обилни врнежи во Виница, поплавени околу 40 објекти

Редакција