еМагазин
Image default
Свет

Марихуаната за рекреативна употреба стана легална во американската сојузна држава Њујорк

Пратениците во американската сојузна држава Њујорк го усвоија Законот за легализација на марихуана, а гувернерот Ендру Куомо најави дека ќе го потпише новиот закон.

Предлог-законот беше поддржан од двата дома на Конгресот во Њујорк, каде Демократската партија има мнозинство.

Законот предвидува лицата над 21 година да можат да купуваат марихуана за рекреативна употреба, а ќе биде воспоставен и лиценциран систем за испорака на производи од канабис до клиентите.

Њујорчани ќе имаат и право да одгледуваат и три зрели и три незрели растенија за лична употреба.

Законот веднаш стапува во сила, но продажбата ќе може да почне дури за 18 месеци до 24 месеци, бидејќи Њујорк мора да наметне правила и да формира комисија што ќе биде надлежна за секторот.

Сојузната држава Њујорк ќе ги укине казните за поседување помалку од 85 грама марихуана и автоматски ќе ги укине казните на осудените за поседување марихуана.

Властите во Њујорк проценуваат дека легализацијата ќе и донесе на сојузната држава приход од 350 милиони долари годишно. Њујорк ќе воведе данок на промет од девет отсто, плус дополнителен данок од четири проценти што ќе го делат локалните власти.

Исто така, ќе биде потребен дополнителен данок врз основа на нивото на тетрахидроканабинол.

Марихуаната за рекреативна употреба е дозволена уште во 14 други сојузни американски држави и Областа Колумбија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евтината руска нафта им овозможува екстра-профит на независните кинески рафинерии

Редакција

Светот во 2020: Познати личности кои се заразија со Ковид-19

Редакција

(Видео) „Време е да се преселите во Русија, зимата доаѓа“: Контроверзна кампања хит на социјалните мрежи

Редакција