Во изминатото деноноќие починаа две родилки позитивни на Ковид-19, кои овој месец беа породени во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. Една од родилките почина на КАРИЛ, а другата во ГОБ „8 Септември“, соопштија од Клиниката.
Едната почината родилка е 33-годишна жена од Делчево, второротка. Таа е породена термински со царски рез.
“Роди машко бебе од 3.200 грама, кое во добра општа состојба веќе е испишано од ГАК со тежина од 2.900 грама.
Родилката беше примена на ГАК на 10 март во лоша состојба, фебрилна со 38,5 температура, со ниска сатурација и со кашлица.
Таа беше породена на нашата Клиника на 11 март и поради влошување на нејзината клиничка состојба, беше препратена на натамошно лекување во ГОБ „8 Септември“.
Ден пред хоспитализација на ГАК, на 9 март родилката добила негативен PSR тест, а на Клиниката за гинекологија на 10 март и беше направен антигенски рапид тест кој покажа позитивен резултат.
Втората почината родилка е 32-годишна скопјанка, второротка, која беше породена на ГАК со царски рез, во 30-та недела од бременоста.
Родилката на ГАК беше донесена од Инфективната клиника во Скопје на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради исклучително лошата состојба, беше препратена на интензивно лекување на КАРИЛ.
Нејзиното предвремено родено бебе е женско, кое сѐ уште се наоѓа на Одделот за интензивна нега на ГАК и е респираторно зависно“, стои во соопштението од Клиниката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Ковид-19 починаа две млади родилки, едното бебе е во критична состојба
Фото: МЗ