еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државните ревизори утврдиле дека СДСМ користи имот за кој нема утврдено сопственост

Државниот завод за ревизија денеска го објави конечниот ревизорски извештај за политичката партија СДСМ за сметката за редовно работење за 2019 година.

Државниот завод за ревизија, како што се наведува во извештајот, изврши ревизија на спроведување на дадените препораки содржани во Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2018 година на СДСМ и извести дека двете дадени препораки не се спроведени.

„Во конечните извештаи за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усоглаеност на СДСМ за претходни години, овластениот државен ревизор извести дека партијата располага и користи деловен простор во градежни објекти кои ги наследила од правен субјект нејзин претходник.

За овие објекти СДСМ нема обезбедено документи за утврдување на сопственоста, нивно запишување во Агенцијата за катастар на недвижности и сметководствена евиденција во деловните книги на партијата“, се вели во извештајот.

Како препорака од овластениот државен ревизор во извештајот стои дека одговорното лице на партијата треба да продолжи со отпочнатите активности за утврдување на сопственоста на објектите кои се користат, нивно запишување во Агенцијата за катастар на недвижности и во сметководствената евиденција на партијата.

„Воспоставениот начин на прибирање, уплата и известување за приходите по основ на членарина во СДСМ не обезбедува целосен увид и потврдување во поединечно уплатените средства.

Одговорното лице на партијата да преземе активности за донесување на акт за доуредување на начинот на прибирање, уплата и известување за поединечни износи на средства по основ од членарина, заради потврдување дека поединечните износи на членарина се во рамките на законски утврдениот лимит“, се наведува во извештајот.

Со анализата на вкупните приходи по видови на извори на финансирање, ДЗР констатира дека учеството на јавното финансирање од Буџетот на РСМ на редовното работење на СДСМ бележи тренд на зголемување и тоа од 37 проценти во 2015 година до 82 посто во 2019 година, наспроти тренд на опаѓање на учеството на приватните извори на финансирање во вкупните приходи на партијата.

„Наведената состојба може да има влијание врз структурата на расходите на партијата во нареден период, имајќи ја предвид измената на член 83-а став 2 алинеја 1 од Изборниот законик, каде извор на финансирање на изборната кампања, меѓу другите извори се и средствата од редовната сметка на политичката партија“, стои во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државните ревизори констатирале дека ДУИ добивала донации над дозволениот лимит

Државните ревизори утврдиле дека растат приходите на ВМРО-ДПМНЕ од буџетот, а се намалуваат од членарини

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија, регира владејачката ЗНАМ

Редакција

Продолжува судењето за организаторите на 27 април

Редакција

Надлежните да земат цевче за да дишат за да ја сфатат итноста на нашата состојба, порачаа пациентите со цистична фиброза

Редакција