Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 675 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле биле примени 1 нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки.
Од денес работи и ковид центарот во Заводот за рехабилитација со капацитет од 38 кревети,“ се додава во соопштението.
Фото: МЗ